Зошто е важно да имате противпожарен апарат дома

Има повеќе начини за да ги заштитиме нашите животи и нашите имоти од пожар. Еден од начините е противпожарниот апарат. Во реалноста, на никој не му е важно да има противпожарен апарат. Секогаш постои мислењето дека на нас никогаш не може да ни се случи пожар кој може да ги смени нашите животи засекогаш.

Во секој случај, мора да запаметиме дека со противпожарен апарат може да се намалат потенцијалните трошоци од евентуален пожар. Овие ПП апарати можат да направат голема разлика во борбата со почетни и мали пожари.

Поради хемичкиот состав на противпожарните апарати, овие уреди гасат пожари со исфрлање гас, прашок, вода, пена. Доколку се користат правилно може да заштитат од пожари кои може да станат големи и да не се контролираат.

За овие причини, секогаш е паметно да се чува ПП апарат во вашиот дом за да го заштити вашиот живот, животот на вашите најблиски, како и вашиот имот. Мора да се има во предвид дека постојат 5 класи на пожар, па треба да се избере соодветниот ПП апарат.

ПП апаратите не треба да се поставуваат во близина на шпорет или друга готвачка опрема за да не може пламенот да ги стигне. Кога се поставуваат во кујната треба да бидат лесно пристапни.

Би било идеално доколку противпожарните апарати се поставуваат во секоја соба од живеалиштето:

  • Во близина на потенцијални опасности од пожар – Поставете ПП апарат во близина на извори на топлина и струја. Овие места можат да бидат камин, грејни печки, електрични табли и др.
  • Спална соба – Чувајте барем еден ПП апарат во спалната соба или во собата на вашите деца. Иако пожарите многу ретко потекнуваат од овие простории, секогаш е посигурно да се има ваков уред во близина за да се заштити животот на најблиските.

ЈА ШТИТИ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Покрај опасноста за живот и имот, пламенот кој доаѓа од неконтролирани пожари ја загдува животната средина. Доколку не се изгаси веднаш, оганот испушта јаглерод моноксид кој е смртоносен и ја уништува животната средина.

Запаметете: колку повеќе се грижиме за животната средина, толку може да си дадеме на себе си и на нашите најблиски безбеден и удобен свет за живеење.

Извор: https://mydecorative.com/why-its-important-to-have-fire-extinguishers-in-your-home/

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *