Систем CO2
Систем CO2
СО2 системите за гаснење на пожари се користат за заштита на објекти во кои што се чуваат запалливи течности, гасови како и електро опрема. СО2 системите го гаснат пожарот преку намалување на концентрацијата на кислородот во просторот.
Типови на СО2 системи
- Под висок притисок, каде што гасот се чува во боци под висок притисок
- Под низок притисок, каде што гасот се чува во резервоари под низок притисок кој се одржува со разладен уред.
Примена на СО2 системи
- Волуменско гаснење на простории
- Локално гаснење на одредени делови од поголеми простории
СО2 системите, својата типична примена ја наоѓаат во заштита на фарбари, дизел агрегати, трансформатори, електро опрема, печатници, силоси, транспорт на јаглен и др.
Типови на активација на СО2 систем
- Автоматски, преку централа, со двојна зависност на активирање на зони на јавување, време на задоцнување и можност за блокирање на гаснењето;
- Полуавтоматски, преку притискање на прекинувач за активирање на гаснењето;
- Рачно, преку рачниот активатор, директно од боцата со гасот.
Имате потреба од противпожарна опрема?
Експерти за противпожарна заштита со искуство од 22 години!