Противпожарна обука

Во историјата на цивилизацијата еден од главните проблеми кој се провлекува и појавува низ сите епохи е проблемот за заштита на материјалните добра од пожар. Познати се многу случаеви каде што пожарот има уништено цели градови од кои некои никогаш не се обновени. Особени тешки пожари со катастрофални, несогледливи последици се појавувале во средниот век. Причина за настанување на вакви страшни пожари е во тоа што во тоа време основен градежен материјал било дрвото, а исто така куќите биле густо збиени во внатрешноста на градските ѕидини.

Развојот пак на индустријата донесе со себе нови проблеми, каде што пожарите уништуваат и индустриски објекти, каде по правило имаме концентрација на голема вредност во облик на опрема, суровини и производи. Поради тоа штетите кои настануваат во индстриските објекти се големи, не само уништувањето на материјалните добра, туку и поради застојот во производството.

Опасностите за настанување на пожар се присутни секаде каде што човекот живее, работи или престојува. Најизразени се опасностите за настанување на пожар во индустриските капацитети каде што при технолошките процеси се користат запаливи течности, гасови, експлозивни материи. Опасностите се големи исто така во јавните објекти каде што имаме истовремен престој на поголем број на луѓе, во шумите, посевите, а особено се карактеристични станбените објекти каде што поради незнаење и неспроведување на потребните превентивни мерки за заштита од пожари од страна на станарите, настануваат голем број на пожари кои причинуваат огромни материјални штети и загуба на човечки животи. Од друга страна пак за спроведување на потребните превентивни мерки за заштита од пожари и употребата на противпожарните апарати, другата опрема и средства за гаснење на пожар бара стручно познавање. Од таа причина се изведува обука од областа на противпожарна заштита со посебна програма.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *