- Ел. инсталација, апарати и уреди секогаш да се во исправна состојба според позитивните законски прописи, а управителот секој недостаток да го пријави и да го отстрани стручно лице;
- Во сите објекти ел. инсталација да биде изведена према намената на објектот согласно законските прописи без отстапки;
- На разводните ел. табли да се постават натписи “ОПАСНО ПО ЖИВОТ” и “ВО СЛУЧАЈ НА ПОЖАР ИСКЛУЧИ ЈА СТРУЈАТА”;
- Поставување на одвод за статичен електрицитет на сите ел. уреди, ел. инсталации, приклучоци и истите да се заземјат;
- Не смее да се врши калемење на осигурачите со жица, туку да се заменат со нови;
- Во случај на настанување на грешки (дефекти) на ел. инсталација и уреди, поправка можат да вршат само лица со соодветна квалификација и стручна оспособеност;
- Грејните тела да се во исправна состојба. Кога се вклучени во близина од 1м да не се става никаков запалив материјал и да не се оставаат вклучени без надзор (контрола);
- По секоја употреба веднаш да се исклучат од напон и да имаат упатство за употреба;
- Забрането пушење и палење било каков оган во просториите;
- Не смее да се приклучат повеќе ел. уреди и апарати на еден продолжен кабел, туку секој ел. уред или ел. апарат да има свој утикач и осигурач во разводната табла;
- На видно место да се постави “ПЛАН ЗА ЕВАКУАЦИЈА” и ознака за “ЗАБРАНЕТО ПУШЕЊЕ”;
- Во простории каде што постојат опасности од пожар, односно од експлозии најстрого се забранува употреба на отворен оган, работа со алат кој искри, заварување, пушење или било каква работа при која се создаа опасност од настанување на пожар;
- Работа со направи за сечење, лемење, заварување може да се врши откако претходно ќе се извршат подготовки и обезбедување на просторот за извршување на таков вид работа;
- Забрането е складирање опрема, материјали на патиштата и излезите за евакуација;
- Помините и излезите да се проодни во секое време, а вратите отклучени и означени со натпис “ПРАВЕЦ НА ЕВАКУАЦИЈА”, “ИЗЛЕЗ”;
- Редовно чистење на просториите;
- ПП апаратите и хидрантите да се во исправна состојба, одбележани и лесно достапни за вработените да се запознаени со опасностите за настанување на пожар и оспособени за гаснење на пожар и правилна употреба на ПП опремата и оспособени за спасување и евакација;
- Да се запознаени со постапката во случај на пожар;
- Редовно да се проверува ел. заземјување на ел. инсталација и ел. уреди согласно законските прописи.
Однесување во случај на пожар
- Спасувањето на човечкиот живот има предност пред спречувањето на ширењето на пожарот;
- Да се прекине/стопира секаква активност на работното место;
- Да се пристапи кон гаснење на пожарот во почетна фаза;
- Исклучување на машини и клима уредите;
- Прекинување на довод на гас;
- Исклучување на главната склопка за довод на ел. енергија;
- Да се сочува мирот и присебноста и да се однесува смирено без паника;
- Да се прилагоди брзината на движење во евакуациските патишта;
- Се забранува движење во спротивна насока на евакуацијата, односно враќање во веќе напуштените простории;
- Силно задимените простории да се напуштат со мокра крпа на дишните органи, во наведната положба или со ползење;
- Најбрзо можно напуштање на објектот, водејќи сметка да се затворат прозорците и вратите од просториите;
- Да се напуштат просториите според планот за евакуација и пребројување на сите на собирното место;
- Испаничените да се охрабрат и да им се помогне при евакуацијата;
- До пристигнување на противпожарното возило и возилото на итна медицинска помош треба да се следат упатствата на обучените лица за противпожарна заштита;
- Пристапот за противпожарното возило и возило за итна медицинска помош секогаш да се слободен;
- Да се отстранат љуботните лица и да се контролираат пристапите.