ПП Апаратите за гаснење на пожар во зависност од видот на средствата за гаснење со кое се наполнети се делат на следните видови:
- За гаснење со хемиска пена, со ознека Ph
- За гаснење со воздушна пена, со ознака Pz
- За гаснење со распрскана вода, со ознака V
- За гаснење со вода и воздушна пена, со ознака B
- За гаснење со прав за гаснење, со ознака S
- За гаснење со јаглен двооксид, со ознака CO2
Според масата ПП апаратите за се поделени на рачни апарати и превозни апарати.
Рачен противпожарен апарат е апарат, чија маса во наполнета состојба не е поголема од 20кг. со исклучок на апаратите за гаснење со вода и воздушна пена чија маса во наполнета состојба не е поголема од 25кг.
Превозен противпожарен апарат е апарат кој е обезбеден со рачка и со тркала за рачен превоз и чија маса во наполнета состојба не е поголема од 260кг.
Противпожарните апарати со прав за гаснење се изработуваат во повеќе големини и тоа:
Наменети се за гаснење почетни пожари од класата “Б”, ”Ц” и ”Е”. Со пп апаратите од типот “S” можат да се гаснат електрични уреди и инсталации под напон од 1000 волти.
Дострелот на млазот со прав е 4-5 метри, а времето на дејство на противпожарниот апарат e:
- S-1=7 сек
- S-2=12 сек
- S-3=12 сек
- S-6=16 сек
- S-9=20 сек
- Ѕ-12=25 сек
- S-50=45 сек
- S-100=60 сек
Противпожарните апарати за гаснење пожар со јаглен двооксид се изработуваат во повеќе големини и тоа:
- CO2-2 кг
- CO2-3 кг
- CO2-5 кг
- CO2-10 кг
- CO2-30 кг
- CO2-2×30 кг
Наменети се за гаснење пожари од класата “E”, а може да се употреби и за гаснење пожар од класата “Б” и ”Ц”. Овие пп апарати може да се користат за гаснење пожар на електрични инсталации и уреди до 12000 волти.
Работат на принцип на разлика во притисоците во резервоарот на апаратот и во атмосферата. Високиот притисок во резервоарот на апаратот при отворање на вентилот се стреми да се изедначи со нискиот притисок во атмосферата и на тој начин се добива СО2 гас, кој со голема брзина излегува на отворот на млазниците и служи за гаснење пожар.